Don't Miss
Home / Вести / Обуки од ИЗИИС за проценителите на штети од земјотресот во Битола

Обуки од ИЗИИС за проценителите на штети од земјотресот во Битола

Во врска со подготовката за вршење категоризација на оштетувања на објекти во Пелагонискиот регион, претставници од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, денеска во oпштината Битола, одржаа обука за дел од вработените во општините Битола, Новаци и Могила.

Обуката се организира, по завршувањето на рокот по јавниот повик за достава на барања за проценка на штети од земјотресот, на кој во општина Битола беа поднесени  вкупно 2.677 барања.

Денешната обука беше дел од подготовките за одлучување по барањата на грѓаните  што ќе биде спроведено од страна на стручни комисии на општините  Битола, Новаци и Могила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*