Home / Вести / Од компликации со Ковид 19 почина Павле Нашоку

Од компликации со Ковид 19 почина Павле Нашоку

Денеска рано изутрина како последица на компликациите од Ковид 19 почина еден од сопствениците на печатницата АНС во Битола, Павле Нашоку.

Павле Нашоку почина во 43 година од животот.

Тој по лекувањето на Инфективното одделение во Битола беше префрлен на Клиниката 8 Септември во Скопје, но иако ја изгубу битката со пандемијата.

Павле Нашоку ќе биде погребан утре на Влашките гробишта во Битола.

Неговата смрт ги потресе голем број битолчани.

Тој беше позната битолска фаца и мошне успешен бизнисмен во печатарската индустрија.

Павле Нашоку беше помалиот син на прославениот битолски ракометар на Ракометниот клуб Пелистер, Саку.

Со смртта на Павле Нашоку Битола изгуби уште еден познат и признат лик од битолскиот асфалт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*