Home / Вести / Од седумина позитивни петмина не знаат како се заразиле

Од седумина позитивни петмина не знаат како се заразиле

                       

            Во Битола, според Центарот за јавно здравје  се регистрирани 7 нови случаи на ковид 19.

            Од нив две лица знаат како се инфицирале и тврдат дека позитиви станале бидејќи  биле  во контакт со веќе регистрирани позитивни случаи со членови на семејството.Три лица воопшто  не даваат податок за контакт со потврден случај, а од седумте позитивни, две лица се тестирани приватно за патување во странство и според ЦЈЗ истите се асимптоматски.

Седумте позитивни во  Битола  се лица на возраст од 28, 37  43, 44, 61 и 73 години

Од Центарот за јавно здравје Битола, кој е Регионален центар  информираат дека денеска се регистрирани  и 10 оздравени лица (7 од Кичево, по едно лице од Битола, Ресен и Демир Хисар).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*