Don't Miss
Home / Вести / Одбележан Денот на примирјето во Првата светска војна

Одбележан Денот на примирјето во Првата светска војна

Денес, земјите победнички во Првата светска војна го одбележуваат Денот на помирувањето.

Потпишувањето на примирје се случи во железничкиот вагон во Франкпорт во близина на Компијења, Франција и стапи на сила во 11 часот на 11. 11.1918 година, со што се окончаа борбите во Првата светска војна која беше една од најразорните која ја имаше светот до тогаш видено.


По повод 106 години, од пробивањето на Солунскиот фронт, на српските воени гробишта со положување на свежо цвеќе, градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски изрази чест и можност заедно со високи претставници на Република Србија – државниот секретар Зоран Антиќ, потпретседателот на Владата Иван Стоилковиќ, амбасадорката на Република Србија Невена Јовановиќ, пратеници од Собранието на Република Македонија, претставници на Заедницата на Срби во Македонија, заедно да одадат почит на паднатите борци од Солунскиот фронт и сите жртви кои страдале за време на Првата светска војна од овој регион.

Битола – град страдалник, како што е прогласен од Француската Република, денес сме тука да одадеме почит, бидејќи Битола ги почитува традициите и ги чува спомените на тие бурни времиња, но, тука сме и да ги негуваме пријателските односи и да истакнеме дека денес се други времиња, времиња во кои науката , знаењето, градењето на пријателства треба да не водат напред-истакна битолскиот градоначалник Тони Коњановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*