Don't Miss
Home / Вести / Оддадена почит на загинатите Италијански војници од Првата светска војна

Оддадена почит на загинатите Италијански војници од Првата светска војна

Денес, во Градскиот парк во Битола, беше оддадена почит пред Споменикот посветен на италијанските војници кои за време на Првата светска војна се бореле на македонскиот фронт.

Во своето обраќање градоначалникот Тони Коњановски во присуство на заменик амбасадорот на Италија Марио Де Роси и останатите претставници на дипломатскиот кор, АРМ и воениот корпус, ја истакна важноста од загубата на секој еден човечки живот.

Овде сме да се присетиме на сите човечки жртви кои несебично ги положиа своите животи во различни војни. Паметењето тежи, но и да се справиш со него е исто толку тешко. Меморијата за војната е апсолутно важна за сите нејзини директни и индеректни учесници-нагласи градоначалникот Коњановски и додаде:

Деновиве Битола ја имаше таа можност да се наврати на нејзината тешка и богата историја. Да се потсетиме и на Првата светска војна која претставува значаен настан од европската и македонската историја и меморија.

За време на Првата светска војна, 50.000 војници од Италија ги напуштиле своите домови за да војуваат на туѓа територија, а токму ова Спомен обележје е посветено на 8 000 италијански жртви во таа војна, во периодот од 1916 до 1918 година што е потсетник на една мрачна ера не само за Битола која била споредувана со најборбадираниот град Верден и го носела името град – страдалник.

Податоците говорат дека во овој период за време на воените дејствија биле убиени повеќе од 4.000 цивили, најповеќе жени и деца. Биле евидентирани над 500 ранети, со повеќе од над 850 разрушени куќи и згради.

Но, Битола и покрај ваквиот страдалнички период успеала да се издигни со својот космополитизам, со својата широка отвореност за соживот и заедништво.

Битола и денес останува да биде темелник за изградба на цврсти, заеднички пријателства, кои ќе не водат кон градење на една светла просперитетна иднина. Ние остануваме да бидеме градители на нашата иднина како идни визионери со јасни напредни идеи кои ќе го подобрат нашето целокупно заедничко живеење и делување.

Од ова Спомен обележје сакам да порачам дека минатото нема да остани заборавено, напротив тоа ќе биде само подсетник дека војните разоруваат, опустошуваат и мора да останат само минато, да не се дел од нашата иднина. Минатото нека остане минато и нека остане аманет во нашата меморија да не ги заборавиме жртвите и младите животи положени за нашата денешна слобода, во која ние ќе се залагаме за просперитет и напредок. Ние сите заедно со јасни и напредни идеи ќе ја градиме нашата иднина – нашата Битола, истакна во своето обраќање градоначалникот Тони Коњановски.

На свеченоста, присутните положија свежо цвеќе во сеќавање на загинатиоте 8 000 италијански војници од Првата светска војна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*