Don't Miss
Home / Вести / Одржана работна средба со претставниците на зимската служба

Одржана работна средба со претставниците на зимската служба

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски одржа работна средба со претставниците на зимската служба, со цел координирање на активностите за навремено организирање на Програмата за зимска служба на подрачјето на Општина Битола за сезоната 2024-2025 година.

На работниот состанок присуствуваа сите релевантни претставници, претставници на општинските јавни претпријатија, „Македонија пат“, ЈП „Стрежево“, како и МВР, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување.

Градоначалникот Коњановски ја истакна важноста од непречено и ефикасно спроведување на предвидените активности преку целосно навремено организирање и функционирање на зимската служба.

На денешната средба се истакна важноста од преземање на мерки и активности за превентивно делување, одржување на редовни состаноци од страна на Координативното тело за да се овозможи непречено делување на зимската служба на подрачјето на Општина Битола.

Програмата за зимска служба на подрачјето на Општина Битола за престојната сезоната 2024-2025 година беше донесена на седница на Советот на Општина Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*