Home / Колумни / Ограничена с(амо)увереност

Ограничена с(амо)увереност

                            

          Македонија за неколку дена  по 29 пат ќе го одбележи 8 септември, денот, кога на реферндумот во 1991 година, со масовното изјаснување  ЗА самостојна суверена и независна држава Република Македонија, се раздружи од скратената држава на СФРЈ, СР Југославија и стекна со својата независност.

          На 8 септември 1991 година и покрај скептицизмот кој владееше кај голем број граѓани и политичари, дека Македонците и граѓаните кои живеат во Република Македонија, поради  наводната своја југонасталгичност нема да се изјаснат за издвојување од Југославија, сепак речиси плебисцитарно се изјаснија за отцепување од Југославија и формирање своја самостојна, суверена и независна држава, Република Македонија.

          На 8 септември 1991 година, над 95 отсто од  македонците и останатите народи и народности кои живеат во Македонија  се изјаснија за своја независна држава Република Македонија.

На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.807 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас, или 71,85%, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,26% (односно 72,16% од вкупниот број на граѓани со право на глас).

Но иако уште пред 29 години Македонија се изјасни за своја, суверена и независна држава, таа и натаму се бори за својата независност и сувереност, која покрај некои соседни држави и внатрешни структури политичари се обидуваат да ја оспорат.

          Македонија е една од ретките земји во светот, која на патот кон ЕУ мора да исполнува услови кои едноставно допираат  во најинтимните чувства на граѓаните и неговиот идентитет.

          Македонија е единстевната земја која за да  продолжи да се движи по патот за Брисел мораше да се откаже од своето уставно име и да се прекрсти во  Република Северна Македонија.

          Тој горчлив залак македонскиот народ со тешко срце го голтна.

          Денес Македонија има име кое и кај тие што истото го прифатија во Нивице кај Преспа, убедн сум дека  предизвикува гнев и чувство на разочараност.

          Но старо- новиот премиер, Зоран Заев, за разлика од сите претходни премиери, Георгиевски, Црвенковски, Хари Костов, Бучковски, Груевски,  собра храброст и го направи тоа што сите  тие  само го “верглаа” обидувајки се да глумат големи патриоти и “тврди” преговарачи.

           Иако опозицијата, а и добар дел од јавноста по смената на името практично  го отпишаа Заев од политичката сцена и го прогласија за политички мртовец, сепак народот, кој како што кажа во една прилика екс премиерот Бранко Црвенковски, е во право и кога греши, повторно му укажа доверба да ја води Македонија во наредните 4 години.

          Македонскиот народ добро знае(ше) дека тој компромис со Грција беше не само нужен, туку и неминовен, доколку не сакавме и натаму  да останеме во Балканската крчма, мамурни од  долготрајните патриотски пијанки.

          Иако на неодамна завршените предвремени парламентарни избори СДСМ и Заев не добија поддршка од граѓаните  на каква што се надеваа, сепак  Зоран Заев повторно доби шанса да биде премиер и да ја води државата по патот кој тој го трасира за Брисел.

          Старо – новиот премиер се наоѓа во навистина неблагодарна ситуација.

          Поради изборните резултати тој мора(ше) да прави влада со коалициониот партнер кој Заев за време на изборната кампања  едноставно го отпиша и го пушти во опозиција.

          Но во политиката најчесто наместо  ставовите одлучуваат бројките.  Овој пат бројките  беа такви што Заев мора(ше) повторно да  ја дели власта со Ахмети. Тоа во голема мера ја слабее неговата премиерска улога, бидејки луѓето  од ДУИ  сметаа(т) дека нивни премиер не е Заев, туку Ахмети.

          Како и да е. По изборот на старо – новата Влада, со мнозинството од само 2 пратеници, Заев и покрај неговиот оптимизам тешко ќе може да се носи, бидејки за секој нов закон ќе мора да стравува дали ќе обезбеди просто мнозинство.

          Овој пат покрај ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и Заев за противници во Собранието ги имаат Алијансата на Албанците и двајцата пратеници на Левица, кои на секој начин ќе се обидуваат да ги кочат политиките на власта.

          Тие тоа ќе го прават и поради тоа што веќе идната година во Македонија ќе има локални избори, па партиите ќе настојуваат парламентарната говорница да ја користат за политичка кампања за следните локални избори, кои според некои аналитичари можат да бидат и  парламентарни.

          Дали до тоа ќе дојде зависи исклучиво од власта и никој друг.

          Иако на седницата на која се избираше Влада, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Александар  Николовски најави масовни протести и штрајкови за соборување на Владата на Заев, сепак мислам дека и нему му е сосема јасно дека ВМРО ДПМНЕ кое наскоро ќе почне да се занимава со своите проблеми, во моментот  не е подготвено за такви протестни  собирања на граѓани.

          Како Заев во власта и Мицкоски во опозиција (ќе) има тешки денови во претстојниот период. Дел од  т.н. “ Мериот коалциија “ со која раководи Сашо Мијалков, инсистира Мицкоски  да поднеси оставка, бидејки покрај тоа што  загуби на изборите,  тој не успеа ни во преговорите за составување мнозинство во парламентот.

          Очигледно е дека  Мицкоски со неговата “попска” филозофија едно да зборува, а сосема друго да прави,  тешко ќе може да ја сочува довербата кај членството, на кое му вети дека доколку згуби на изборите ќе поднесе оставка.

          Тоа што тој во моментот смета дека со молчењето ќе ги разубеди негови сопратијци да се откажат од намерата да го сменат, е само уште една негова заблуда, која наскор ќе ја плати, бидејки многумина сметаат дека нему му се одброени деновите.

          За тоа време граѓаните вниманието ќе го свртат кон Заев, кој ќе иако во моментот  има ограничена “сувереност “ ќе мора да ги исполни ветувањата, кои тој ги испрача до народот.

         

         

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!