На терен на директни средби со граѓаните во УЗ „Стив Наумов“, „Елпида Караманди“ и „Д.Х. Поповски“ и жителите на Буково.



Вака стои во информацијата на Општинскиот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ Битола.
Раководството на владејачката партија во Битола на чело со претседателот на ОК На ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Републичкото Собрание Пеце Милевски се децидни дека остануваат посветени на предизвиците и обезбедувањето квалитетни животни услови.

Неодамна, во посета на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола беше Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски. Од партијата тогаш информираа дека заеднички продолжуваат посветено кон промените што ги реализираат.
А воедно со членовите на партијата разговараа за актуелните предизвици и додаваат дека истите ќе ги надминеме со цел поголем напредок на битолчани, велат од ОК на владејачката ВМРО-ДПМНЕ Битола.