Home / Вести / Олга Лозановска нов член на ИК на ВМРО ДПМНЕ

Олга Лозановска нов член на ИК на ВМРО ДПМНЕ

Александар Николоски, Владо Мисајловски, Иван Иванов, Сергеј Попов, Никола Мицевски, Гордана Димитриевска- Кочоска, Рашела Мизрахи, Стефан Андоновски, Марија Андоновска, Олга Лозановска, Дафина Стојановска, Вело Марковски, Трајко Славевски, Влатко Ѓорчев, Драган Ковачки, Коце Трајановски, Кирил Пецаков и Антонијо Милошоски.

Ова се членовите на новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ што вечерва ги избра партискиот Централен комитет, информираше предмалку партискиот лидер Христијан Мицкоски, кој посочи дека добил поддршка да ја води партијата откако бил отфрлен неговиот предлог за одржување на вонреден конгрес за избор на нов лидер.

Меѓу новите членови на ИК ја нема досегашната членка Силвана Ангелевска.

Притоа, Мицкоски истакна дека досегашниот генерален секретар на партијата Игор Јанушев се повлекува од партиските функции поради лични причини, но како што истакна, ќе продолжи да придонесува и да помага во ВМРО-ДПМНЕ во борбата против СДСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!