Don't Miss
Home / Вести / Општината Битола ги отфрла кажувањата на советничката Јадранка Павловска

Општината Битола ги отфрла кажувањата на советничката Јадранка Павловска

После вчерашната прес конференција на советничката од СДСМ, Јадранка Павловска, во интерес на транспарентно, објективно и вистинито информирање на јавноста Ве известуваме дека:

Целосно се неточни изнесените обвинувања од советничката Јадранка Павловска од СДСМ. Општина Битола има склучен договор и анекс кон договорот за набавка на услуги за осигурување на дел 1: недвижни ствари и права на општината Битола, објекти на училиштата, урбани заедници и електронски сметачи и друга опрема, дел 4: осигурување на вработени во ТППЕ и општински инспекторат од несреќен случај и дел 6: осигурување на стакла во објекти во сопственост на Општина Битола, училиштата и градинките од прв ред. Анекс договорот бр.1 е склучен на 25.05.2022 со важност од 2 месеци, согласно вредноста на договорот, додека постапката за нова набавка на услуги за осигурување е во тек и истата ќе заврши пред истекот на анекс договорот.

Покрај тоа, општина Битола има склучен договор со важност до 10.02.2023 година за патролно обезбедување на Дом на АРМ – Офицерски, Кино Манаки, објекти на Општината Битола во поранешна касарна и котлара во спортска сала Боро Чурлевски, како и физичко обезбедување на настани во организација на општина Битола.

Согласно наведеното, може да се констатира дека општина Битола, води целосна грижа за сите објекти кои се под нејзина надлежност. Дополнително во овој период од 8 месеци, евидентиран е и друг општински имот, за кој во досегашниот период не се водела никаква грижа, а истиот бил оставен на забот на времето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*