Home / Вести / Орце и Целе бараат продолжување на привремениот пасош

Орце и Целе бараат продолжување на привремениот пасош

Времениот пасош на бизнисменот Орце Камчев, осомничен во случајот „Империја“, му истекува утре, што значи дека тој веќе нема да може да патува надвор од Македонија. Тој нема обврска физички да го врати пасошот во Кривичниот суд, туку едноставно престанува неговата важност, која беше ограничена на 6 месеци.

Сепак бизнисменот Камчев уште пред неколку дена достави ново барање за издавање на времена патна исправа до Кривичниот суд, по кое барање сега треба да се произнесе Обвинителството за организиран криминал и корупција, односно предметниот обвинител во „Империја“, Лиле Стефанова. Мислењето од таму може да биде позитивно или негативно. Од републичкото јавно обвинителство за посочуваат дека мислењето треба да го дадат предметните обвинители, кои може да побараат и да го реферираат предметот, но засега нешто такво не било побарано.

Како што дознава „Битолски весник Камчев и овој пат времениот пасош го бара за да оствари бизнис средби надвор од Македонија.

Според досегашната пракса на обвинети или осомничени им се давале времени пасоши, кои се во траење до осум месеци, но строго за лекување во странство, односно поради здравствени причини. Упатените велат, дека по завршување на обврската на осомничениот во странство, тој треба да го врати пасошот веднаш, односно не значи дека може да шета со него. Рокот од шест месеци на кој се издава е пак поради административни причини, но тоа не значи дека осомничениот или обвинетиот може тие шест месеци постојано да патува.

Сепак, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева воспостави и друга пракса, со оправдание дека не требале да му страдаат бизнисите на осомничениот.

-Знаете поради презумцијата на невиност, дека додека не се осуди човек секој е невин, истото се случи и со Орце Камчев и мора да дозволиме да протокот на финансиите на сметките на правните лица да продолжат бидејќи се работи за многу вработени кај тие правни лица кои исто така треба да земат месечни надоместоци, рече пред неколку месеци Јанева, правдајќи ја својата одлука.

Јанева, заедно со Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец се обвинети во случајот „Рекет“ бидејќи според обвинителството земале мито од 1,5 милион евра, а за возврат Камчев требало да биде спасен од кривичен прогон за случајот „Империја“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!