Don't Miss
Home / Вести / Оставка на Гоце Чакаровски

Оставка на Гоце Чакаровски

                                 

            Националниот координатор за здравство, Гоце Чакаровски си поднесе оставка на својата функција и најави враќање на работа во Гинеколошкото одделение во Клиничката болница во Битола, дознава “ Битолски весник “ од сигурни извори.

            Гоце Чакаровски засега не сака јавно да зборува за тоа кои биле причините за поднесувањето на оставката.

            Во телефонскиот разговор со Чакаровски тој ни ја потврди информацијата дека си поднесол оставка и дека се враќа на работа во Клиничката болница во Битола, но неофицијално дознаваме дека причината за оставката била тоа што Чакаровски сметал дека како национален координатор за здравство не бил доволно вклучен во битката со корона вирусот.

            Инаку Гоце Чакаровски пред именувањето на функцијата нациоанелен кординатот за здравтсво беше заменик министер за здравство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*