Home / Градска хроника / Отворена канцеларија на локалната акциона група Пелагонија со седиште во Новаци

Отворена канцеларија на локалната акциона група Пелагонија со седиште во Новаци

Во присуство на претставници од Мисијата на Швајцарија, УСАИД, локалните самоуправи и градоначалниците, како и претставници од  Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, свечено  беше отворена канцеларијата на ЛАГ-от ПеЛАГонија со седиште во општина Новаци.

Овие Локални акциони групи во иднина преку препознавање на приоритетите за развој на регионите, треба да реализираат проекти од интерес за средината во која работат и функционираат.

Приоритетот на пелагонискиот микрорегион е ставен на развојот на малите бизниси и изработка на проекти кои ќе го помогнат животот на населението од руралните средини.

-Пред една година со пелагонискиот регион финансирано од УСАИД бевме во Хрватска и видовме како таму работат ЛАГовите. По една година сега и овде имаме нивно формирање со што ќе се подобри преку нив локалниот економвски развој- рече градоначалникот на Општина Могила, Стево Пивковски.
-Отворањето на овој ЛАГ за нас од Новаци е од особена чест но и обврска со која ќе се развиваат малите бизниси и ќе се имплементираат различни проекти како капка по капка и други- рече секретарот на Општина Новаци Стевче Ангелевски.

Иницијативата и формирањето на Локалните Акциски Групи се реализираше преку Центарот за пазвој на Пелагонискиот плански регион со финансиски поддршка од УСАИД, Карана Корпорацијата и Швајцарската Развојна Агенција.
-Министерството за земјоделство кое е носител на мерките за имплементација на лидер пристапот, е наш партнер и во моментов во националната програма за рурален развој е отворена мерка за поддршка на проекти кои што треба да се реализираат од лаговите- рече директорката на ЦРППР Емилиа Ѓероска.
-Особено важна карактеристика за овој лидер пристап се тие лагови кои што заеднички се посветуваат и работат со претставници од јавниот приватниот и граѓанскиот сектор и ги утврдуваат приоритетите за развој на регионот- рече директорот на мисијата на УСАИД Џејмс Стеин.

-Јас самата доаѓам од земја каде граѓанското учество е многу важно за самиот развој и за демократијата и затоа ни е задоволство што можеме да придомесеме за локалниот развој на Македонија- рече директорката на мисијата на Швајцарија Катарина Штокер.

Воедно, делегациите на свечен начин ја пуштија во употреба канцеларијата на ЛАГ Агро Лидер во Кривогаштани, општина која исто така настојува да го подобри руралниот развој.

Локалните акциони групи се здруженија во кои членуваат лица од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор.

Преку нив според принципите и карактеристиките на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот ќе можат да се користат финансиски средства од ЕУ и ИПАРД фондовите, од национални програми за рурален развој, амбасади и други програми.
Отворањето на канцеларијата беше збогатена со изложба на експонати на вредните раце на ЗУР Македонски ракотворци како и богата традиционална трпеза подготвена од Организацијата на жени од Битола.

 

 

К.Ч.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!