Home / Македонија / ОУ „Аврам Писевски” прослави 30 години постоење

ОУ „Аврам Писевски” прослави 30 години постоење

Со богата и разновидна програма, денеска, учениците и наставниот кадар, го одбележаа 30-годишното постоење на основното училиште „Аврам Писевски” во населбата Бардовци. По тој повод, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски присуствуваше на културно забавната претстава во рамките на патрониот празник, а дел од прославата беа и родители, деца и претставници од локалната самоуправа.

Директорката на училиштето, Марина Милеска ги поздрави присутните и напомена дека на овој ден училиштето одбележува два важни датума.

-Годинава, на овој ден, на нашето училиште му одбележуваме 30 години од постоењето, а на нашиот патрон Аврам Писевски ги славиме 95-те години од неговото раѓање. Тука децата започнуваат да се запознаваат со вистинските вредности во животот  и првите успеси излегуваат токму од основното училиште.

Првиот човек на локалната самоуправа, Јакимовски се надоврза на поздравот од директорката Милеска, кој пренесе позитивни реакции за долгогодишното постоење на ова училиште и посака барем уште 30-на години да биде дел од славењето на патрониот празник.

-Ви го честитам овој голем ден за вашето училиште, јас се гордеам со вас, но, мислам дека и вие имате причина да се гордеете со нас, бидејќи создадовме прекрасни услови за да се образуваат учениците во ова убаво училиште исто како и во другите училишта од Општина Карпош. Бардовци се трудиме максималано да го разубавиме, веднаш позади ова училиште предвидено е да се гради и градинка, како и прекрасен плоштад, кадешто секој од вас ќе има можност слободното време да го поминува и да се релаксира. Сакам да ги поздравам учениците на ООУ „Аврам Писевски” и да им посакам добри успеси, изјави во пригодната честитка првиот човек на локалната самоуправа.

 

 

   

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*