Home / Вести / ОУ „Свети Кирил и Методиј“ го прослави патрониот празник

ОУ „Свети Кирил и Методиј“ го прослави патрониот празник

Со посебна свеченост, основното училиште „Свети Кирил и Методиј“, го одбележа својот патрон празник.

На настанот, директорката на училиштето, Жанета Тошевска, им додели награди и признанија за учениците кои во изминатиот период покажале посебни достигнувања од областа на природните науки и истражувачката дејност, за придонес во училишниот спорт и други области.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, во својата честитка по повод патрониот празник на училиштето и големиот празник-Денот на сесловенските просветители, Браќата „Свети Кирил и Методиј“, им честита на сите наставници за нивната голема заложба и посветеност во работата со учениците, а на најмладите им порача да продолжат да напредуваат, да го надградуваат своето знаење, за да станат интелектуално силни личности кои ќе дадат сопствен влог во напредокот на својот град и својата држава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*