Home / Градска хроника / Партерно уредување во централното градско подрачје

Партерно уредување во централното градско подрачје

Завршува фазата на партерно уредување во централното градско подрачје во Општина Битола, која ја опфати пешачката патека на потегот од поранешна општина до средната Стоковна куќа и зафаќа површина од 1.200 метри квадратни, со инвестиција од 1.2 милиони денари.

plocki 5  plocki 4

-Го уредуваме овој простор, кој е дел од еден поголем тендер кој изнесува над 9 милиони денари. Со овој тендер се санирани голем дел од пристапите во училиштата, градинките, парковите, пешачки патеки, тротоари , дел од мостовите и овде е завршната фаза. Сакам да најавам дека од денес со подобрувањето на временските услови за работа, започнуваме и со крпење на улиците. Оваа зима имавме голема разлика во температурите, а со тоа голем дел од нашата патна инфраструктура е уништен и е потребна санација. Фирмата која што го доби тендерот има своја асфалтна база и од денес почнува да работи, така што за десеттина дена максимум, сето она што беше предизвикано како дефект на коловозната структура и тротоарите ќе биде санирано. Со тоа продолжуваме со нашите активности-, изјави градоначалникот на Општина Битола д-р Владимир Талески.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*