Don't Miss
Home / Вести / Пеце Матевски, генерален директор на РЕК “Битола” во интервју за Битолски весник:РЕК “Битола “ беше и останува столб на македонскиот електроенергетски систем.

Пеце Матевски, генерален директор на РЕК “Битола” во интервју за Битолски весник:РЕК “Битола “ беше и останува столб на македонскиот електроенергетски систем.

        В недела на 28 август, на најголемиот христијански празник Богородица, рударите ќе го прослават  својот празник, Денот на рударите.

        Во предвечерието на овој празник Битолски весник направи  интервју со првиот човек на РЕК “Битола”, Пеце Матевски.

 – Денот на рударите, 28 август го чествуваме со посебен епитет и почит кон сите вработени во Комбинатот, особено врботените во рудниците на РЕК “Битола”. Кој не работел во рудник, или не видел одблиску што значи работа на плус 40, минус 30, во кал, прашина и мраз, не знае колку тешка и исцрпувачка е работата во рудниците. Притоа, морам да потсетам дека РЕК “Битола” е еден голем и комплициран, меѓусебно поврзан систем во кој работата на рударите нема да значи ништо ако не се нивните колеги во термоелектраната, во правната служба или во секторот комерција.

        Затоа, Денот на рударите е празник на целиот комбинат и сите вработени во РЕК Битола со посебно чувство го одбележуваме овој празник. Согласно праксата која ја воведовме изминатите неколку години, и годинава Денот на рударите ќе го одбележиме пригодно, со кратка свеченост на која ке се заблагодариме на пензионерите кои сиот работен век го поминале во РЕК “Битола” и ќе наградиме наши вработени за посебни достигнувања во работата. На тој начин се обидуваме да ги стимулираме работниците кои се истакнуваат со својата посветеност и работен учинок и понатаму да бидат добар пример за своите колеги. 

                                Поопширно во печатеното издание  на Битолски весник кој ќе излезе среда на 24 август

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*