Don't Miss
Home / Вести / Пелистер прволигаш!

Пелистер прволигаш!

        Пелистер се врати во Првата фудбалска лига.

        По победата над Башкими од 2:1, Пелистер и официјално, заедно со Беса е новиот прволигаш.

        Со враќањето во прволигашката конкуренција, Пелистер ги оствари желбите не само на неговите навивачи и симпатизери, туку и на сите љубители на фудбалот во Битола, кои долго време чекаа да се оствари нивниот сон, на   стадионот # Петар Милошевски “ да гледаат прволигашки фудбал.

        По победата на Пелистер над Башкими и поразот на Детонит Плачковица во Охрид веќе пропаднаа  и теоретските шанси на “рударите “ на Детонит да го загрозат       втрото место на Пелистер, кое води директно во Првата фудбалска лига.

-Конечно ни се  оствари сонот да го вратиме Пелистер таму каде што и припаѓа во Првата фудбалска лига. Ова е голем успех за оваа екипа, која се надмина себеси и со игрите и резултатите кои ги  постигнаа, особено во пролетниот дел од првенството сосема заслужено се избори за прволигашкиот статус, велат од Управата на Пелистер.

Шефот на стручниот штаб на Пелистер, Влатко Костов по пласманот во Првата фудбалска лига изјави дека во Битола дошол со единствена цел да го врати Пелистер таму каде што му е местото, во Првата фудбалска лига.Сега кога тој успех  е постигнат  можам со гордост да кажам дека тој е заеднички успех како на играчите, стручниот штаб, Управата на клубот  која успеа да не мотивира сите да ја оствариме целта, која заеднички ја зацртавме, ни изјави Влатко Костов.

Официјалната промоција на новиот прволигаш ќе биде в сабота, на 11 мај, кога во Битола се среќаваат вечните ривали Пелистер и Победа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*