Home / Спорт / ПЕЛИСТЕР СО РЕМИ ОСТАНА НА ВТОРОТО МЕСТО

ПЕЛИСТЕР СО РЕМИ ОСТАНА НА ВТОРОТО МЕСТО

Пелистер – Шкендија 0:0
Градски стадион под Тумбе кафе. Гледачи: 1000
Главен судија: Димитар Мечкаровски од Скопје
Жолти картони: Ступик, Крстески (Пелистер),
Положани, Имери, Усеини, Бојку (Шкендија)
Црвени картон: нема

Пелистер:Пашовски, Петковски, Крстески, Степановски, Миленковски, Брдаровски, Анастасов, Мустафов, Ристевски (Велевски), Љамчевски (Тодоровски), Ступиќ

Шкендија:Јовановски, Абдула, Алими, Положани, Вручина, Имери (Кировски), Митров (Зеба), Усеини, Бериша, Бојку (Крлески), Милиев.
Иако околу илјада гледачи очекуваа поофанзивен фудбал од двете екипи до тоа не дојде, а тренерите на двете екипи се определија да играа на сигурно и да не изгубат под Тумбекафе и да останат на своите позиции на табелата. Вака поставени екипите немаа некои прилики за гол, шансата за гол ја бараат само преку корнерите или слободните удар.
Марјан Секуловски, тренер на Пелистер по завршувањето на средбата рече:
-Честитки за моите фудбалери кои одиграа цврсто и дисциплинирано. Овој бод за нас е еднаков на победа со оглед на тоа што цела недела имавме проблеми со тренажниот процес и не одработивме најдобро. Но, моите фудбалери играа како што се договоривме и против оваа Шкендија која ја рангирам рамо до рамо со Вардар, овој резултат е позитивен за нас и нио дава повеќе мотив за во натамошниот дел од оваа полусезона.
Како тренер на екипата на Шкендија беше Адријан Кознику кој во Битола постигна гол за екипата на Хајдук во 1991 година, и по тоа го познаваат повозрасните љубители на фудбалот во Битола. Тогаш Пелистер ја доби наградата за фер-плеј од ФСЈ, бидејки се согласи да го одигра мечот со Хајдук ден по предвидениот термин, а не да го добие со службен резултат од 3:0. Имено по 1:1 на Пољуд, сплитските бели не пристигнаа во Битола заради густа магла во среда, па во четврток се играше во Битола пред 10.000 гледачи, што е еден од најпосетените мечеви под Тумбекафе. Со головите на Штимац и Кознику Хајдук извлече 2:2, а за Пелистер погодија Ќириќ и Милошевски. Од тогасниот состав на Пелистер е и тренерот на голмани, Сашо Петровски кој прими гол од Кознику на тој меч а и двајцата со насмевка се присетија на тој натпревар.

Денес ќе се одиграат натпреварите од четвртфиналето од Македонскио куп, а фудбалерите на Пелистер играат против екипата на Работнички.

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*