Don't Miss
Home / Вести / Планинарите ја прифаќаат понудата на Васко Ковачевски за “Копанки“

Планинарите ја прифаќаат понудата на Васко Ковачевски за “Копанки“

       

        Дали е  на повидок  крај на недоразбирањата околу судбината на планинарскиот дом “Копанки“, на Пелистер.

        Понудата на првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски испратена вчера, за време на големата еко акција за чистење на ски патеката на “Копнаки“ за надминување на недозрабирањата меѓу планинарскиот скијачки клуб Пелистер и локалната самоуправа, од клубот Пелистер денеска експресно ја прифатија.

        -Ги повикувам надлежните институции, Општина Битола, а посебно планинарското спортско друштво Пелистер, да ги разрешат имотно-правните односи околу изгорениот објект на планинарскиот дом “Копанки“ и ски-патеката, како би можеле сите заеднички да инвестираме во нив и повторно да ги вратиме во функција, со цел граѓаните на Битола и сите љубители на планината да можат да спортуваат и да се рекреираат-порача вцера  Ковачевски.

        Првиот човек на планинарско скијачкото друштво Пелистер, Димче Попов денеска експресно ја прифати таквата понуда за изнаоѓање решение.

-Ние од секогаш сме биле за компрмиси и изнаоѓање решение за судбината на домот. Но од локалната самоуправа не мислеа така и се одлучија по судски пат да  ни го одземат домот.

Затоа во оваа прилика мислам дека  во вистински момент дојде понудата од првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевси за изнаоѓање решение. Прифакаме  најбрзо што можеме да седнеме и да се договориме да го решиме проблемот. Планинарскиот дом “Копанки“ е дом кој му припаѓа на сите планинари, не само на Битола и Македонија, туку и на  Балканот. Ние не сме за кавги, бидејќи кавгите на никој не му донеле добро. Затоа еве јавно ја прифаќаме понудата на Ковачевски и наместо судските органи да одлучуваат за судбината на “Копанки“ тоа да го направиме ние битолчани, кои го сакаме Пелистер и  домот “Копанки“, вели Диме Попов.

Инаку кога станува збор  “ Копанки “ за неговата судбина веќе неколку години се води судкси спор помеѓу Општината Битола и ПСК Пелистер.

Деновиве советникот на независната листа “ Поинаку “ Иван Чукаловски испрати покана  за надминување на  спорот, но од страна на првиот човек на Советот, Валентин Груевски  беше одговорено дека за судбината на “Копанки“  ќе одлучи судот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*