.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Победа на спортот и другарството

Победа на спортот и другарството

                          

          Деновиве во кампот Ливадишта се одржаа работничките спортски игри на вработените во ЕСМ.

За време на спортските работнички игри, осум екипи од подружниците на АД ЕСМ и Дирекцијата се натпреваруваа во девет дисциплини. На игрите учество зедоа околу 500 вработени кои преку спорт и рекреација го тестираа натпреварувачкиот дух, но и го градеа духот на заедништво и солидарност. Учесниците се натпреваруваа во неколку спортски дисциплини: фудбал, кошарка, одбојка, пикадо, шах, скок во далечина, фрлање ѓуле, крос, пинг-понг.

Во вкупниот пласман, според резултатите од сите дисциплини во кои се натпреваруваа вработените во АД „Електрани на Северна Македонија”, екипата на РЕК „Битола” 1 беше првопласирана, на второто место се најде екипата составена од вработени во Дирекцијата на АД ЕСМ во Скопје, а на третото место заврши втората екипа на РЕК Битола.

 Наградата за фер плеј на спортските работнички игри на АД ЕСМ отиде во рацете на екипата од ХЕЦ Црн Дрим и ХЕЦ Тиквеш.

Гости на игрите беа претставници на синдикалните организации од областа на енергетиката од соседните земји: Косово, Србија и Бугарија.

Се организираше и ревијален натпревар во мал фудбал помеѓу екипите на менаџментот на АД ЕСМ и синдикалните претседатели во компанијата. Натпреварот во регуларниот дел заврши нерешено 1:1, но на крај пеналот на претседателот на Синдикатот на РЕК „Битола”, Менде Фидановски им донесе победа на синдикалните лидери.

Спортските игри од овој вид пред се, се организирани за релаксирање и спортување со што на дел од вработените им се овозможува одмор од секојдневните обврски.

Главната цел на игрите, другарувањето, запознавањето и разменувањето на искуства помеѓу вработените од сите делови на компанијата е остварена и игрите покажаа дека заслужуваат да се традиционална манифестација.

Инаку синдикалните игри ги отвори претседателот на синдикалната организација на ЕСМ, Јове Смилевски, а присутните гости и спортисти ги поздрави генералниот директор на АД ЕСМ,  Васко Ковачевски, кој изрази задоволство од организацијата и големиот број на пријавени работници-натпреварувачи подготвени за другарување и меѓусебно запознавање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*