Don't Miss
Home / Вести / Почина творецот на “Малиот битолски Монмартр“ Коста Хаџиантоновски

Почина творецот на “Малиот битолски Монмартр“ Коста Хаџиантоновски

                       

            Според информација од семејството денеска  утринава, на 84 годишна возраст   во Клиничката болница во Битола, почина Коста Хаџи Антоновски, идејниот творец на Малиот битолски Монмартр.

Коста Хаџиантоновски веќе подолго време имаше кревко здравје и последните 7 дена беше на лекување во битолската болница.

Погребот на Хаџиантoновски ќе  се одржи утре на Светонeделските гробишта.
Тој беше познат и признат ликовен уметник и педагог кој едуцирал многу млади ликовни таленти,а некои денес врвни ликовни сликари.

            Хаџиантоновски  беше иницијатор за формирање на детското ликовно студио “ Кирил и Методиј “ и  идеен творец и организатор на   “Малиот битолски Монмартр“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*