Don't Miss
Home / Вести / Почна дезинсекцијата за уништување комарците во Битола

Почна дезинсекцијата за уништување комарците во Битола

           

            Неколку дена порано, отколку што се планираше денеска во Битола, ЈЗУ Центарот  за јавно здравје почна првата фаза  од превентивната систематска дезинсекција за уништување на комарци.

            Дезинсекцијата ќе се врши  до 30 мај, во периодот од 19 до 2 часот по полноќ, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градското подрачје, периферијата на градот и речното корито на реката Драгор, предвидени со оперативниот план и програма доставени до локалната самоуправа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*