Home / Градска хроника / Поделени уште 500 садови за отпадна пластика

Поделени уште 500 садови за отпадна пластика

Јавното претпријатие „ Комуналец “ и Општина Битола, продолжуваат со поставување на садови за отпадна ПЕТ пластика, кои што на општината ги додели друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „ Пакомак “.

Во делот на Лавчанска населба и населбата Недопирливи ќе бидат поделени 500 садови, кои заедно со останатите 500 кои беа поделени минатата година во Брусничка населба, се во вредност од
еден  милион денари, а големите контејнери за отпадна ПЕТ пластика за колективни станбени едници во вредност од 2 милиони денари.
– Заедно со фирмата Пакомак , со која што имаме договор за соработка, ќе продолжиме со активности. Целта е селектиран отпад, односно во жолтите канти се собира пластика, а додека во зелените органски отпад. Нашите туристи забележуваат дека градот под Пелистер, градот на Конзулите, хигиенски е на високо ниво, а ние се трудиме тоа максимално да го одржуваме  – изјави градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески.
Во изминатите две години, сите колективни станбени единици се обезбедени со садови за примарна селекција на отпадна ПЕТ пластика и отпадна хартија.

 
– Од искуството кое што го имаме од ланската година, мора да ги пофалиме граѓаните, кои дисциплинирано го селектираат отпадот, понатаму го предаваат во ЈП ,, Комуналец “, а од сето тоа бенефитот е обостран – истакна директорот на ЈП „ Комуналец “ Зоран Соклевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*