Don't Miss
Home / Uncategorized / Поевтинува паркингот во Битола

Поевтинува паркингот во Битола

          Откако општината Битола  му го раскина договорот за  паркирање на приватниот концесионер “Стентон градба “ и одлучи паркирањето во Битола да го врши јавно претпријатие на Општината кое неодамна беше формирано, поевтинува паркирањето во градот под Пелистер.

           Паркирањето во Битола  во иднина ќе биде многу поевтино,изјави Зоран Дојчиновски, директор на новото јавно претпријатие за паркинзи, чиј основач е Општина Битола. 

          Со новиот ценовник  се намалени цените на услугите за сите три зони во градот.

Паркирањето во “А “зона та ќе поевтини за 5 денари, а во “Б “за 10 денари. Првите 15 минути остануваат слободни. Во зона “А“ цената за паркирање ќе биде 30 денари за два блок часови, а секој следен час ќе биде за 5 денари поевтин, односно 25 денари. Во зоната “Б“ цената ќе биде 20 денари за два блок часови, а секој нареден час ќе биде за 10 денари поевтин од претходниот. Паркирањето во зоната “Ц“ ќе биде 30 денари цел ден.

 Драстично се намалува цената на паркирање посебно во зона “Б“ за 10 денари.Дневната карта ќе чини  250 денари во зона “А“ и 200 денари во зона “Б“ што е намалување за 100 денари во однос на претходните цени. 

Поевтинуваат и цените за блокада на возилата од 1000 на 500 денари, изјави директорот на ЈП “ Паркинзи “ Зоран Дојчиновски, според кој електричните возила ќе бидат ослободени од плаќање паркинг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*