Don't Miss
Home / Вести / Политичките партии да се воздржат од ширење лаги за работењето на РЕК “ Битола “

Политичките партии да се воздржат од ширење лаги за работењето на РЕК “ Битола “

       

        Во врска со последните   наводи изнесени од страна на опозиционата партија на ВМРО ДПМНЕ, посебно на Стевче Антовски, од РЕК “Битола“ денеска излегоа со соопштение во кое бараат  сите политички партии да се воздржат од ширење лаги за работењето на Комбинатот, а од Стевче Антовски извинување во рок од 24 часа, зашто во спротивно ќе поднесат тужба за клевета.        

-Никој, а најмалку политичка партија која РЕК Битола го третираше како златна кокошка, не смее да шири лаги и невистини за работата на Комбинатот од кој зависи судбината на Македонија. Барам извинување од Стевче Антовски во рок од 24 часа. Во спротивно РЕК “Битола“ ќе поднесе тужба за клевета. Доколку има било какви индиции за незаконско работење, наводите да ги достави до надлежните институции, а не од партиска говорница да шири лаги и манипулации за работата на РЕК Битола. Секој што ќе излезе на партиска говорница со цел да ја оцрни работата на над 2.000 луѓе во РЕК Битола мора да има барем ронка одговорност за јавно кажаното.

Фактите се следни.

На последниот јавен повик за избор на фирма за ископ во рудникот Брод – Гнеотино, се јавија не една, туку две фирми. Договорот е склучен согласно сите законски процедури. Секоја година, од отворањето на Брод – Гнеотино во 2012 година, се врши набавка на услуга за ископ на јаглен и јаловина. Причината е тоа што во Брод –Гнеотино се врши дисконтинуиран ископ на јаглен, за разлика од рудникот “Суводол“ каде станува збор за различен систем на ископ, кој се врши со сопствени ресурси на РЕК“ Битола“. Наведениот договор е склучен на 18 месеци, не на 12 месеци како претходниот со цел да не се случи завршување на договорот во текот на грејната сезона. Ако калкулаторот им беше во ред и ги поделеа износите, јасно ќе забележеа дека се работи за скоро идентична сума за услугата и лани и годинава, и покрај зголемувањето на цената на нафтените деривати што ги користат машините.

Тврдењата, пак, за злоупотреби на камиони за прикажување на фиктивни трошоци, се груба лага. Партијата што сега за тоа обвинува најдобро го знае тоа. Тоа е завршена приказна со нивното заминување од РЕК “Битола“.

Што се однесува до договорот со фирмата за прскање на прашината со адитиви, потенцирам дека на јавните огласи може да се јави секоја фирма во државата. Ние ниту можеме, ниту смееме да ја ограничиме конкуренцијата.

Апелирам до сите политички партии да се воздржат од било какви манипулации во врска со работењето на РЕК “Битола“. Јас сум најмалку важен во грдата слика што некој сака да ја прикаже. Важни се работниците кои со лагите и манипулациите што ги слушаат може да се доведат во заблуда и да се демотивираат, а во моментов тоа е нешто што најмалку ни треба. Ако веќе не можат да помогнат со ниту еден конструктивен предлог, тогаш нека го остават РЕК “Битола“ и сите вработени во комбинатот да се справуваат со секојдневните предизвици за доброто на целата држава, се вели во соопштението на РЕК  “ Битола “

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*