Home / Вести / Поодршка од Милевски за отец Партениј

Поодршка од Милевски за отец Партениј

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски му дава целосна подршка на отец Партение за неговите ставови за односите меѓи Македонија и Бугарија.

„Поддршка и од мене за нашиот и мој духовен водач, отец Партение.
Се воздржував од коментар до сега, иако многумина очекуваа од мене да реагирам.
Едноставно знаев дека отецот е доволно мудар и самиот да се одбрани но и не сакав да ја политизирам состојбата. Но повеќе не можам да молчам и да ја трпам оваа неправдина.
Којшто не го запознал отец Партениј незнае за каква личност станува збор.
Незнае колкав голем човек е, духовник од највисок ранг, хуманист каков што не сте запознале во животот.
Којшто не го запознал отец Партениј, не знае какви се дела има оставено зад себе. Колку млади деца има спасено од смрт и ги има насочено на вистинскиот пат. Колку е посветен на својата мисија.
Колку многу работи во име на добробитието на целиот македонски народ, православие и за сите кои живеат во Македонија.
Нека се срамат сите оние кои пробаа да го извалкаат неговото чесно име и дело последниве денови. Нека се срамат оние кои си ја поганеа устата со валкани навреди.
Јас знам дека отецот ќе ви прости, бидејќи вие не знаете ни што зборувате ни што правите.
Ние кои сме имале среќа да го запознаеме лично, ние кои имаме благослов да сме негови духовни чеда, со мачнина во душата ја доживуваме оваа неправда која му се прави на овој наш и на секого драг отец.
Ниту една црна пропаганда нема да му наштети и да го наруши угледот на отецот Партениј бидејќи целото братство и сестринство сме сплотени со него како никогаш до сега.
Нападот врз него е напад врз секого од нас.
Овие клевети ни даваат на сите поголема сила, уште порешително да се спротивставиме на инквизициските мрачни сили кои сеуште се активни во нашата Македонија.
Отецу продолжете по вашиот пат. Ние сме тука да ве следиме“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!