Home / Култура / Популарниот ди џеј Џуниор Џек на “Широк сокак во бело“

Популарниот ди џеј Џуниор Џек на “Широк сокак во бело“

Светски познатиот ди џеј и продуцент Џуниор Џек на 28 август ќе гостува во Битола на манифестацијата “Широк сокак во бело“ , традиционален музички настан што по петти пат ќе се одржи на најамбиенталната улица Широк сокак во Битола.

Џуниор Џек е етаблиран ди џеј и продуцент во светската музичката сцена.

Организаторите информираат дека годинава настанот ќе биде на светско ниво.

Пред настапот на Џек, атмосферата во Битола ќе ја загреваат ди џеите Боца и  Ацика.

Новина за годинава на музичкиот спектакуларен настан “Широк сокак во бело“ е тоа што бината ќе биде поставена во таканаречениот долен дел на Широк сокак, поточно подолу од мобилниот оператор “Вип“.

Настанот е дел од Битолското културно лето “Битфест 2015“  и доби поддршка од Општина Битола.

Помагатели се повеќе покровители и спонзори.

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*