Don't Miss
Home / Вести / Пожарникарите во изминатото деноноќие гаснеа седум пожари на отворено

Пожарникарите во изминатото деноноќие гаснеа седум пожари на отворено

Во последното деноноќие имало седум пожари на отворени, а пожарникарите гаснеле, паралелно и други пожари во населени места и сите биле изгаснати.

Конкретно, Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје, ја пренесува информацијата од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ), на Град Скопје, дека од 17.25 до 18.30 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснале запалена ниска вегетација во с. Марино (Општина Илинден), од 21.00 до 00.05 часот со 4 пожарникари и 2 ПП возила гаснале запалено сено и гранки на ул. Малешевска б.б. изгорена површина од 100 м2 (Општина Кисела Вода), и од 01.40 до 02.30 часот со 2 пожарникари и 1 ПП возило гаснале запалено ѓубре во с. Брњарци (Општина Гази Баба).

РЦУК Штип, ја пренесува информацијата од ТППЕ Кочани дека од 15.00 до 15.45 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило, интервенирале на запалено ѓубре во дворот на СОУ „Гошо Викентиев“ (Општина Кочани).

ТППЕ Штип, известува дека од 16.00 до 18.00 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило, интервенирале на запалена сува трева, нискостеблеста шума и грмушки (смрека) кај м.в „Баргала“ (Општина Карбинци).

РЦУК Охрид информацијата дека од ТППЕ Охрид од 18.30 до 21.40 часот, со 15 пожарникари и 3 ПП возила, гаснеле запалена трска на охридското крајбрежје (од Специјалната болница „Св. Еразмо“ до кампот „Андон Дуков“, со ширење кон атарот на с. Подмолје во Општина Охрид).

РЦУК Куманово, информира дека пожарникарите од ТППЕ Куманово од 19.50 до 20.30 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило гаснале запалена ниска вегетација во место викано „Стари Лозја“ (Општина Куманово).

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*