Don't Miss
Home / Вести / Пред утрешниот натпревар градоначалникот Коњановски им посака среќа на ракометарките од Македонската женска репрезентација

Пред утрешниот натпревар градоначалникот Коњановски им посака среќа на ракометарките од Македонската женска репрезентација

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски ги посети ракометарките на Сениорската женска ракометна селекција на Македонија, пред утрешниот натпревар против екипата на Полска.

Квалификацискиот бараж натпревар во рамки на Women’s World Championship 2025 – Qualification Europe Phase 2, односно квалификациите за светското провенство, против селекцијата на Полска ќе се одигра в сабота, 12.04.2025 година, со почеток во 19:00 часот во Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Градоначалникот Коњановски, посакувајќи им голем успех на ракометарките, нагласи дека претставува голема чест за градот, тоа што Битола е домаќин на еден ваков значаен натпревар.

Продажната цена на влезниците е 100 денари, а истите можат да се купат онлине на интернет-страницата на МК Тикетс ((https://mktickets.mk ) и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.

Собраните средства од продажбата на влезниците ќе бидат донирани за настраданите во Кочани.

И овој натпревар е потврда за враќањето на репрезентативниот ракомет во Битола, каде веќе две сезони се играат натпревари од Лигата на шампионите, а преку утрешниот натпревар во Спортската сала „Боро Чурлевски“, битолчани имаат можност, покажувајќи ја својата хуманост, да проследат уште еден натпревар од светски рамки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*