Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ на вечерашната седница ја прифати неотповикливата оставка на Никола Груевски од претседателската функција, изјави денеска генералниот секретар на партијата, Христијан Мицковски.

Според неофицијални информации, 100 членови на ЦК гласале за избор вонреден Конгрес и избор на нов претседател, еден бил против и 10 воздржани.

На вечерашната седница на највисокото партиско тело одлучено е вонредниот Конгрес да се одржи на 22 и 23 декември во Валандово. На Конгресот ќе учествуваат околу 54о делегати кои беа дел и од 15-тиот Конгрес одржан во Куманово во мај 2015 година.