Home / Колумни / (При)времена влада со трајни предрасуди

(При)времена влада со трајни предрасуди

                            

          По оставката на сега веќе екс премиерот Зоран Заев, Македонија доби техничка влада, по “рецептот “ од Пржино, која има задача до 12 април да организира демократски, фер и регуларни предвремени парламентарни  избори.

          Иако описот и пописот на работните задачи на (при)времената влада се прецизно напишани во Законот за техничка влада, сепак уште првиот ден по нејзиното формирање се покажа дека  оваа  влада, во нејзиниот  тримесечен мандат ќе се занимава со се,  а најмалку со тоа што треба да организира слободни  демократски избори.

          Наместо да занимаваат со тоа за што се избрани, привремените министри првото нешто со што се зафатија е да ги откријат и санкционираат  злупотребите на нивите претходници.

          Како и при изборот на првата “техничка “ влада, кога по Пржинскиот договор, Никола Груевски се повлече од премиерската функција, така и сега,  се повторуваат веќе видените работи на нефункционирање на ваквиот концепт на (рако)водење со државата.

          Новите министри од опозицијата осоколени од  “довербата” која им е укажана по сила на Законот, се растрчаа по Министерствата со амбиција за два три дена да ги откријат сите злоупотреби на нивните претходници. Од тоа што јавноста досега има(ше) можност да го слушне и види, повеќе од јасно е дека до изборите привремените министри најмалку ќе се занимаваат со тоа за што се избрани, туку со партиските агенди за дисквалификација на  министрите од владата на Заев.

          Во овој  предизборен галиматијас сведоци сме дури на ситуации кога  министерот за внатрешни работи на ВМРО ДПМНЕ, Наке Чулев, кој главно се занимва со министрувањето на актуелниот в.д.премиер Оливер Спасовски, му го укина дури и обезбедувањето,  на актуелниот в.д. премиер, а  дополнителниот заменик министер, Славјанка Петровска  наместо да соработува со него, на првиот полицаец во државата му се заканува дури и со кривични пријави за наводно нарушување на безбедноста на државата.

          Како во филмовите на Шерлок Холмс привремените министри и дополнителни министри буквално 24 часа на ден, работаат на откривање на слабостите, неправилностите и злоупотребите на претходните министри.

          Во државата веќе никој не го интересира криминалот во мега проектот “ Скопје 2014 “, (не)надлежните веќе не се интересираат за пртеходните криминалии на фамилијата на Груевски, кои требаше да вратат во државната каса 5 милјарди евра украдени пари, веќе нема информации ни за другите скандали и злоупотреби.

          Во Македонија веќе никој не го интересира зошто и по речиси 3,5 години власт на Кабинетот на Заев и неколку годишното работење на СЈО, никој од големите криминалци сеуште не се правосудно осудени и зошто сеуште не проработи бројчаникот за вратените пари, кој Заев го постави.

          Сега како да е најважно како  злоупотребиле и како работеле министрите кои по сила на законот мораа да им  ги остапат местата на министрите од опозицијата.     Па така сега имаме ситуации кога техничкиот министер за внатрешни работи со телеграми  ги укинува наредбите за извршување задачи на полицајците, поставени од Спасовски, врши смена на сите началници на полициските станици, го намалува обезбедувањето на привремениот премиер и редица други активности, со кои како што вели власта се загрозува безбедноста на државата.

Наместо да се фокусираат на тоа за што се назначени и да работаат на создавање услови за слободни, демократски  и фер избори, кадрите на Мицкоски во преодната влада се посветени на партизирање и блокирање на нормаланата работа на институциите, тврди власта.

Опозицијата, која пак по Пржинскиот договор постави свои министри тврди дека криминалите, злоупотребите и неспособноста на СДСМ по институциите секојдневно се откриваат. дека разни соработници на Спасовски и Заев си ги користеле службените возила на МВР за приватни потреби, дека  Владата предводена од СДСМ за само два месеци вработила 4.131 партиски војник, дека има 11.514 нерешени барања за надоместок за помош и нега од друго лице…

          Во една таква атмосфера на рекла – казала обвинувања и најблаго речено кодошења, техничките министри и техничката влада треба да ги организираат новите предвремени парламентарни избори, кои треба да бидат прифатени од сите политички партии, кои ќе учествуваат во изборната трка.

          Досегашното (не)функционирање на техничката влада покажува дека ваквиот “изум “ од Пржино се покажува како наполно нефункционален и непородуктивен и дека тој многу малку, дури би рекол воопшто нема да помогне за организирање на регуларни избори.

          Кај нас политичките партии (не)регуларност, не само во изборите туку и речиси во сите сектори, се гледаат исклучиво низ перцепцијата на политичката диоптрија.

           Партиите сите свои политички потези исклучиво ги гледаат од свој агол. Кога се на власт за нив се е легално,регуларно и законито, што би рекла екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, согласно Уставот и законите.

          Но кога ќе се најдат во опозиција за нив ништо не е законски или регуларно.

          Ако во времето на Груевски беше нормално илјадници (не)вработени да бидат вработени во министерствата, а да не работаат и земаат плата, сега им смета тоа што власта наводно вработувала илјадници  невработени партиски војници.

          Опозицијата сега настојува за три нецели месеци да ги санкционира и реши сите неправилности и незаконитости на власта.

          Притоа како да заборава дека  доколку победи на изборите таква можност ќе има во наредните 4 години. А ако пак загуби што би рекол еден мој пријател, џабе било бојадисувањето, кога  старо – новата власт ќе си ги врати истите свои  кадри на истите работни места, а Илинденска ќе мораат да ја напуштат “привремените министри “, кои овие денови се однесуваат како  да добиле траен мандат.

          Затоа наместо да изигруваат Елиот Нес, министрите во наредните три месеци да се сконцентрираат за тоа што се избрани и платени.

          Во спротивно Македонија нема ништо да се офајди од “привремената влада”, која функционра со трајни предрасуди. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!