Home / Македонија / Протест на вработените од “Југохром“ во Скопје

Протест на вработените од “Југохром“ во Скопје

Вработените во комбинатот „Југохром“ од тетовско Јегуновце денеска ја блокираа крстосницата кај Судската палата во Скопје, во знак на протест од исклучувањето на печките на комбинатот.

Бараат повлекување на одлуката на Инспекторатот за животна средина за исклучување на печките на „Југохром“, добивање статус додека не се рестартира фабриката, како и забрзување на изградбата на филтер-станицата.

Најавија дека ќе достават протестно писмо до Инспекторатот за да се повлече мерката за забрана за работа на комбинатот, во кој работат околу 1.000 лица.

На 2 ноември „Југохром“ постапи по одлуката на Државниот инспекторат за животна средина, кој донесе решение комбинатот да ги исклучи сите печки поради непочитување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците, кој истече на крајот на октомври.

Раководството на комбинатот тогаш најави дека нивни екипи ќе продолжат со изградба на филтер-станицата, со кои активности, како што образложија, се доцнело поради тоа што чекале да добијат градежна дозвола.

Претходно, „Југохром“ бараше ново 18-месечно продолжување на законскиот рок и договорот да постави филтри за отпрашување.

Во јануари и февруари годинава „Југохром“ не работеше со одлука на раководството со цел да не се намали влијанието врз загадувањето на воздухот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*