Членовите на раководниот тим на АД ЕСМ – Подружница РЕК „Битола“, Виолета Ковачевиќ и Томислав Пишмановски го посетија традиционалниот Новогодишен базар што се одржа во ООУ „Славко Лумбарковски“ во Општина Новаци.
–Овој прекрасен настан, чија организација ја помогнаа колегите од Комбинатот, се одржа со учество на учениците од Новаци и од Битола, кои со свои новогодишни проекти го збогатија базарот. Вистински празничен амбиент беше создаден со тезги полни со честитки, украси, лампиони и колачиња, во духот на претстојните празници-стои во информацијата на АД ЕСМ.