Во овие празнични денови од Општина Битола информираа дека се расчистуваа локациите во градот кадешто се отстранети времените објекти.
„Општина Битола во соработка со јавните претпријатија „Комуналец“, „Водовод“ и „Нискоградба“ продолжува со расчистување на просторот, каде што претходно беа поставени времените објекти- гаражи-информираа од Битолската локална самоупорава.
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски изврши увид на локациите каде што се вршеше отстранувањето на отпадот, најавувајќи дека, понатамошната динамика предвидува расчистување на сите локации каде што претходно беа отстранети времените објекти, но, и соодветно уредување на локациите, со цел поубава Битола за сите граѓани.