Home / Култура / Симпозиум за граѓански-иновативни скулптури во Битола

Симпозиум за граѓански-иновативни скулптури во Битола

Во организација на  Националната установа Завод и  Музеј Битола, во рамките на проектот  “Граѓански иновативни скулптури” се одржа симпозиум на тема “Европски симпозиум за партиципативно и експериментално учење во културата преку употреба на дигитални медии.
На симпозиумот  присуствуваа  експерти од повеќе универзитети и музеи од  Шведска, Данска, Финска, Норвешка, Германија, Полска, Хрватска и Македонија, како и претставници на повеќе невладини организации и преставници на  локалната самоуправа.
За време на тридневниот симпозиум  од страна на меѓународни и домашни  уметници и архитекти беа презентирани повеќе од 30 креативни решенија и идеи во 3Д анимација, за уредување на градот.

Симпозиумот беше одлична можност за разменување на искуства и продолжување на соработката со меѓународните експерти во идни проекти.
Инаку,  симпозиумот се одржа како дел  од програмата “Креативна Европа”, поддржан од Европската Унија, а во соработка со Гаус Институт.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*