Home / Вести / РЕК “Битола” повремено врши краткотрајно тестирање на постројка која е поддршка за блоковите

РЕК “Битола” повремено врши краткотрајно тестирање на постројка која е поддршка за блоковите

РЕК “Битола” врши повремено тестирање на постројката ,,стартна котлара”, чија намена е да дава поддршка на блоковите при потреба за зголемено количество водена пареа за турбините.

 Таква проверка на функционалноста е направена  денеска помеѓу 6.30 и 7.00ч, при што е утврдено дека истата е функционална и е на располагање да се вклучи во системот во секој момент, за краткотрајно зголемување на снагата на блоковите во одредени куси периоди во текот на производниот процес.

Постројката работи на мазут, и во првите моменти од пуштачките операции има зголемено испуштање на чад и издувни гасови. По извршеното кусо тестирање, стартната котлара е повторно исклучена.

 АД ЕСМ вложува максимално напори за работење по сите стандарди, во услови кога производството на електрична енергија од јаглен и мазут во услови на енергетска криза е неизбежно.

 Граѓаните да бидат спокојни во однос на посветеноста на компанијата да ги одржува електраните и да вложува во обновливи извори.

АД ЕСМ во последните 5 години имаше исклучителни вложување во проекти за заштита на околината и намалување на загадувањето, како што се капитални и редовни ремонти на блоковите со што се оптимизира нивната работа и се намалува загадувањето при нивното работење, стандардизирано одлагање на пепелта преку водено отпепелување, отворање нова касета за пепел, пошување со багремови садници и создавање зелен појас кон населените места, редовно чистење, постапка за добивање А-интегрирана дозвола, како и проекти за поставување сончеви електрани и гасна електрана во РЕК Битола, се вели во соопштението на АД ЕСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*