Home / Вести / СДСМ сеуште размислува со кој кандидат ќе трча на изборите во Битола

СДСМ сеуште размислува со кој кандидат ќе трча на изборите во Битола

Социјалдемократскиот сојуз објави уште 16 нови кандидати за градоначалници во општините кои биле утврдени на синоќешната седница на Извршниот комитет. Како што објави генералниот секретар, Љупчо Николовски 12 од кандидатите се нови имиња, во скопските општини, Аеродром, Карпош, Прилеп, Велес.

Така во Прилеп наместо досегашниот градоначалник од СДСМ, Илија Јованоски, кандидат на СДСМ за градоначалник на овој град ќе биде Горан Сугарески, поранешен министер и претседател на надзорен одбор на партијата.

Во Свети Николе, партијата повторно ќе го кандидира актуелниот градоначалник Сашо Велковски. Во Карпош нема да биде кандидиран досегашниот, Стефан Богоев, туку актуелниот директор на Водовод, Душко Весковски. Сепак Николовски порача дека Богоев ќе добие висока државна функција.

Во Тетово ќе биде кандидиран стоматологот Хенди Алезовиќ. Нов кандидат доби и општина Аеродром, нема да биде кандидиран досегашниот градоначалник, Златко Марин, туку Александар Филиповски, поранешен пратеник и економист.

Сашо Стојановски е кандидат за градоначалник на општина Сопиште, додека во Јегуновце останува актуелниот градоначалник, Дарко Блажевски.

Во Кавадрци кандидат е Горан Тодоров, дипломиран инженер и претседател на општинската организација во Кавадарци. Ново име е кандидатот за градоначалник на Кратово, Влатко Бојковски. Во Чешиново – Облешево е Горан Крстев-Грга, за Зрновци ќе биде кандидиран Виктор Ангелов, член на Централниот одбор на партијата, а во Илинден ќе се кандидира бизнисменот Александар Тодоровски. Нов кандидат ќе има и Демир Хисар, каде СДСМ го кандидираа Стевче Митревски од државниот инспекторат за земјоделство.

Ѕвонко Ангелов е новиот кандидат во Ново Село, кој бил социјален работник. Во Велес ќе се кандидира Ненад Коциќ, а во Брвеница, актуелниот, Мирко Стојановски.

На прес конференцијата не беше соопштен кандидатот на партијата во Куманово, но Николовски вели дека со кој кандидат и да одат, таму ќе победат. За Струмица партијата се уште се нема утврдено кандидатот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*