Don't Miss
Home / Вести / Се преврте автобус на МИГ Травел, повредени петмина работници

Се преврте автобус на МИГ Травел, повредени петмина работници

                  

Денеска рано изутрина околу 6:30 часот на излезот од индустриската зона „Жабени“ се преврте автобус кој превезувал работници во фабриката „Кромберг и Шуберт“-Битола.

Според СВР Битола повредени се петмина работници, сите полесно.

Сите тие се амбулантски третирани и не се хоспитализирани. –Сообраќајната незгода веднаш беше пријавена во СВР-Битола и наши полициски службеници извршија увид. Во автобусот се превезувале лица вработени во фабриката и се движеле кон Битола. Во сообраќајната незгода повредени се возачот и четири патници. Сите се вон животна опасност, изјави  Сања Стаматова, портпаролка на СВР-Битола.

Од ЈЗУ Клиничка болница-Битола соопштија дека пет повредени лица се амбулантски третирани, тие се со полесни повреди и не се хоспитализирани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*