Don't Miss
Home / Вести / Се заканувал дека ке ја убие поранешната сопруга, дедото го убил него

Се заканувал дека ке ја убие поранешната сопруга, дедото го убил него

               

Денеска, рано изутрина се случи тешко убиство во Битола

 Лицето Т.Ѓ. на возраст од (62) од Битола околу 05.55 часот во претсобјето од неговата куќа со пиштол пукал и го погодил С.С.(44) од Битола, кој починал на местото.

 Според првичните сознанија на битолскта аполиција претходно, убиениот С.С. со употреба на сила влегол во куќата на Т.Ѓ. и со остар предмет се заканувал на ќерката на Т.Ѓ., која била  негова поранешна сопруга.

 Во еден момент лицетот Т.Ѓ. кое е лишено од слобода го зел пиштолот и смртно го погодил С.С. кој починал на самото место.

Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт, а увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Битола. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*