Home / Вести / Што донесува новиот број на ФОКУС

Што донесува новиот број на ФОКУС

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИЗаев околу себе знае да собере сомнителни типчиња кои се синоним за лошо друштво кoe деновиве, кога сме сведоци на мега-скандалот со рекетот врз Камчев, му се удира од глава. Во СДСМ веќе го бараат неговиот политички скалп, зашто многубројните афери на дневна база го топат рејтингот на владејачката партија, па прашање е што ќе остане од него до се поизвесните предвремени избори напролет

АНГЕЛИ И ЃАВОЛИ Неколку збора за мојот ангажман во 1ТВ и релациите со Бојан Јовановски. Работев хонорарно со договор, исплатата одеше преку Авторска агенција. Имав целосна слобода во изборот на теми и гости, но ми беше огромен напор да бидам максимално посветена на „Фокус“, ем темелно да се подготвам за дебатите во 1ТВ. Од тие причини сакав и порано да се повлечам, но останав до крајот на сезоната. А за сите што ги платкаат новинарите, телевизијата има одличен тим од млади, но и искусни професионалци. Посакувам успешно да ги преброди овие премрежија

И СЈО КРЕНА РАЦЕ ОД КАТИЦА ЈАНЕВАНелогичните потези на Јанева досега се објаснуваа со политички притисоци, но сега парите и бизнисот го зазедоа приматот. Иако не е осомничена, Јанева е вмешана во голем коруптивен случај, кој го дотолчи СЈО. Дали ќе го смени столчето во судница, или ќе куртули, допрва ќе видиме, но СЈО никогаш нема да заздрави од возвратениот удар на „Империјата“

КАКО ЗОКИ КИЧЕЕЦ СТЕКНАЛ ХАЦИЕНДИ И АПАРТМАНИ ВО СКОПЈЕ И ОХРИД?Второосомничениот во истрагата што се води за изнуда, трговија со влијание и перење пари, Зоран Милески, никогаш не вршел значајни функции, ниту поседувал моќни компании, меѓутоа стекнал вреден и атрактивен недвижен и движен имот. Според податоците што ги обезбедивме, тој и блиски членови на неговото семејство поседуваат пространи куќи во Скопје и лукзусни апартмани во Охрид, од кои голем дел се стекнати минатата 2018 година

РЕКЕТ АФЕРА ЈА ТРЕСЕ ВЛАСТАСтруктури во владејачката коалиција се презаситени од скандалите кои секојдневно ја тресат власта. Од истрагата на Обвинителството за организиран криминал и корупција и од тоа колку СДСМ е подготвено да пушти низ вода инкриминирани структури во партијата, ќе зависи и тоа дали премиерот Зоран Заев ќе ја сочува владата

ФЕЉТОН: ЛЕВАТА И ДЕСНАТА ИДЕОЛОГИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Секој член на СДСМ слепо верува во евроатлантските интеграции на Македонија и спремен е многу да жртвува за постигнување на таа возвишена цел оставена од аманетот на Киро Глигоров. Без разлика на сите слабости, денешниот СДСМ идеолошки гледано е во голема мера наследник на оној СДСМ кој го знаеме триесет години наназад

СЈО ИЛИ „СОСЕМА ЈА ОПЛЕСКАА“Еве една лекција од историјата на нашите заслепени елити која наследникот на Зоран Заев треба уште од сега да ја научи и никогаш да не ја заборава. А таа гласи: ако нешто звучи или изгледа или изгледа премногу добро за да биде вистинито, најверојатно не е вистинито!

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Незадоволството на народот поради неправдата, криминалот и корупцијата, може да се прелее на Преспанскиот договор и на надворешната политика. Тогаш политичката сцена е подготвена за популистички демагози да го поведат националистичкото оро. Зашто, национализмот е најчесто производ на сиромаштија и безнадежност

Ана ПАНОВСКА
Неопходно е да му се овозможи на Специјалното јавно обвинителство непречено да си ја заврши започнатата работа за којашто и беше избрано. Компромитацијата на Јанева не треба да ги радува осомничените од ВМРО-ДПМНЕ, кои сега мислат дека ја преживеаја бурата

Наум СТОИЛКОВСКИ
Заев знае дека телефоните и не се баш најсигурна алатка и затоа има протокол – од договори преку кабинети, преку проверка на теми во МНР, до безбедносни линии. Но, тоа го нема со Заев и неговата ѕвездосаност дека е светски тип! Тоа го нема кога #ТендеРашко директорува со Илинденска бр 2. Зораните заборавија дека очите им црвенеа од слушање туѓи телефонски разговори пред да ја преземат власта

Стојан АНДОВ
Тито уште во 1934 година, по излегувањето од затвор, во едно писмо што го упатил до покраинскиот комитет на Словенија, напишал: „Идното уредување на Југославија, за кое се бориме, ќе биде федеративно. Југославија ќе биде федеративна држава на рамноправни народи: Срби, Хрвати, Словенци, Македонци и Црногорци!

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Политичките „лидери“ Заев, Мицкоски и Ахмети ќе продолжат на сиот глас да говорат дека се залагаат за правна држава и владеење на правото. Тоа им е работата – да зборуваат и ветуваат сѐ и сешто на јавната сцена, а она што го прават под маса е сосема друга работа! Во тоа лежи и проблемот на нашата „правна“ држава

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Кадровскиот рингишпил не ги исфрли недопирливите, профанисани, компромитирани, аздисани, непотистички, алчни и арогантни партиски и фаворити од провиниенција на шуробаџанаштината

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!