Home / Вести / Сите го чекаат потегот на Заев

Сите го чекаат потегот на Заев

                            

          Иако за голем број Општини политичките партии се изјансиа со кои кандидати за градоначалници ќе излезат на претстојните локални избори, во Битола засега ниту една политичка партија се нема изјаснето со кој кандидат ќе се обидат да ја добијат довербата на битолчани.

          И додека СДСМ сеуште размислува и тактизира со кој кандидат ќе се обиде да ја зачува власта во Битола, ВМРО ДПМНЕ и останатите политички партии, ЛДП, ДОМ, и независната листа Поинаку не повлекуваат потег и стрпливо  чекаат  Заев да се изјасни.

          -Во зависност од тоа со кој кандидат  СДСМ ќе излезе на изборите таква ќе биде и нашата одлука.Доколку СДСМ се одлучи да излезе со партиски кандидат и ние ќе излеземе со партиско кадровско решение. Доколку пак Заев се одлучи да излезе со непартиски кандидат и ние ќе излеземе со такво решение, велат од ВМРО ДПМНЕ.

          Слично размислуваат и во новата коалциија ЛДП – ДОМ, а од независната листа Поинаку уверуваат дека и нивниот кандидат за градоначалник и носител на советничката листа ќе зависи пред се од кадровското решение на СДСМ.

          Инаку во СДСМ во игра за градоначалник се тројца кандидати, кои се предлог на Општинската организација на СДСМ. Тоа се актуелната градоначалничка Наташа Петровска, директорот на ЈП  Водовод, Горан Козаров и советникот во Советот, Зоран Стојчевски.

          Иако за тоа јавно не сакаат да зборуваат сепак во  игра се уште двајца  кандиати. Тоа се бизнисменот на СН Брокер, Христо Кондовски и директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

          Во ВМРО ДПМНЕ кандидати се актуелниот координатор Пеце Милевски, пратеничките Олга Лозановска и Силвана Ангелевска, архитектот Зоран Николовски, советникот Тони Коњановски и екс пратеникот од ВМРО Народна, Спире Мавровски.

          Коалицијата ЛДП –ДОМ за кандидат  за градоначалник има намера да го кандидира актуелниот миниситер за локална самоуправа, Горан Милевски или претседателот на Советот, Валентин Груевски.

          Од независната листа Поинаку во игра е советничката Габриела Илиевска.

          Како и да е Битола не памети толку  многу тактизирање со изборот на кандидат за градоначалник, откако се одржуваат локалните избори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*