Home / Uncategorized / Смајко ќе настапи на концертот на Дуке Бојаџиев

Смајко ќе настапи на концертот на Дуке Бојаџиев

По речиси две години, македонскиот композитор, продуцент и пијанист Дуке Бојаџиев ќе има два концертни настапи во Македонската филхармонија. Концертот „Сон, верба, љубов“ ќе биде изведен утревечер со почеток во 19.30 часот и во сабота, во истиот термин.

На денешната прес-конференција беше дел од музичкиот тим и пријатели кои ќе настапат со Дуке Бојаџиев, Тијана, Костас Анастасиадис-тапани и Исмаил Лумановски-кларинет, кој пред два дена специјално з аконцертот допатува од Њујорк во Битола.

Тој вчера попладне имаше прием од градоначалничката Наташа Петровска во нејзиниот кабинет.

Бојаџиев изрази задоволство што е дома, во Скопје и најави дека на програмата ќе биде дел од неговиот авторски материјал освежен со нови нумери од албумското издание „Сон-Верба-Љубов“, како и дел од неговото поново филмско творештво.

– На концертот можеби ќе има малку повеќе филмски нумери, ќе има фузија од класична и џез музика и сето тоа зачинето со њујоршка инспирација – рече Бојаџиев.

Тијана изјави дека за неа претставува чест и задоволство што ќе биде дел од концертот и додаде оти ќе ги исполни композициите и дел од хитовите на Бојаџиев.

На концертот со Бојаџиев ќе настапат и Мартин Ѓаконовски на контрабас, актерката Наташа Петровиќ како вокал и нарација и Владимир Крстев-прва виолина, Маја Ефремова-Шеќерова-втора виолина, Марко Виденовиќ-виола и Марија Михајловска-виолончело. Петровска ќе рецитира поезија од Ана Бунтевска.

Последните две години Бојаџиев рече дека главно работел на неколку филмски проекти и авторска музика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!