Home / Uncategorized / Со координација до подобри резултати

Со координација до подобри резултати

Раководителката на Секторот за дејности од јавен интерес од Општина Карпош, Анета Марковска-Илиевска, денеска во просториите на ООУ „Лазо Трповски“ одржа координативен состанок со ангажираните образовни и лични асистенти, кои работат со децата со пречки во развојот кои се школуваат  во училиштата на територија на локалната самоуправа. На денешната работна средба се говореше за подобрување на методологијата и пристапот на работење, а стручните лица од училиштата поднесоа и краток извештај за пет дневниот период на адаптација и запознавање со дечињата.

Минатиот месец Општина Карпош и директорките на осум основни училишта од општината, во соработка со UNDP и Агенцијата за вработување на Република Македонија, потпишаа Меморандум за реализација на проектот  „Карпош за еднаквите во училиштата“. Во рамките на овој проект, Општина Карпош вработи нови 13 дефектолози и стручни лица, кои ќе го реализираат проектот  во осум основни образовни установи. Овој проект започна на 1. октомври годинава, а ќе се спроведува до 31. мај  2018 година, по што ќе следува негова евалуација.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*