Денес заедно со млади луѓе, експерти, претставници од институции и локалната заедница, го одбележавме Интернационалниот ден на Ромите со значаен настан посветен на менталното здравје и превенцијата на зависности, како дел од нашиот проект „Театарска претстава за здрави одлуки – превенција на зависности“.

Проектот е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност, преку програмата Европски солидарен корпус на Европската Унија.
Настанот започна со инспиративно обраќање на м-р Фатма Бајрам Аземовска, потсетувајќи не дека секој млад човек заслужува поддршка и средина во која ќе може да расте без страв.
Погледнавме емотивни видеа кои ја отворија темата за булинг и ментално здравје.
Во панел-дискусијата со психолозите Марина Кузмановска, Наташа Бекирова и педагогот Елизабета Талевска, под модераторство на Елена Ѓоргиевска Костадиновиќ, се разговараше за тоа како да изградиме здрава и поддржувачка средина за младите.

Со потпишување на изјава за поддршка со Општина Битола, училишта и невладини организации, направивме симболичен и суштински чекор кон конкретна заедничка акција.
Ја најавивме едногодишната кампања „Здрава заедница е силна заедница“, со која ќе продолжиме да работиме на подигање на свеста и превенција од ризично однесување.
Благодарност до сите што беа дел од овој важен ден!
Продолжуваме заедно-за посилни млади и посилна заедница! стои во информацијата испратена до нашата Редакција од настанот што денеска се одржа во „Europe House“ во Битола.