Поради лошите временски услови, асфалтирањето на улицата „Бурса“, наместо денес и утре, ќе се реализира во среда и четврток, односно на 16 и 17.04.2025 година.
„Заради непречена реализација на активности во рамки на проектот „Реконструкција на коловоз на дел од улица „Бурса“ во Битола (од спој со улица „Македонска фаланга“ до спој со новопроектираната улица „Индустриски пат“), на 16.04.2025 и 17.04.2025 година на горенаведениот објект, односно делот помеѓу новопроектираната улица „Индустриски пат“ до „Пивара“, односно до пристапниот пат кон а.д. Фабрика за квасец и алкохол и Фабрика за шеќер, ќе биде целосно затворен за сообраќај 24 часа поради асфалтирање кое ќе се изведува во текот на целиот ден, како и пристапот од село Поешево и улица „Прогрес“ кон улица „Бурса“-информираат од Општина Битола.