Home / Вести / Состанок на Aлијансата на европски универзитети во Битола: Клучната алатка што ја дава „Колорс“ е можноста да се задржат студентите во локалните средини

Состанок на Aлијансата на европски универзитети во Битола: Клучната алатка што ја дава „Колорс“ е можноста да се задржат студентите во локалните средини

Клучната алатка што на располагање ја дава Алијансата на европски универзитети „Колорс” е можноста да се задржат студентите во локалните средини каде што работи Универзитетот „Св. Климент Охридски” а сето тоа ќе се овозможи преку сензибилизирање на студентите за значењето на Алијансата и можностите што ги нуди. Всушност целокупната Европска унија настојува да ги задржи своите граѓани во локалните средини, бидејќи со миграција не се соочува само Македонија или Балканот, туку сите држави се соочуваат со миграција, особено она што се нарекува одлив на мозоци. Сите европски држави имаат интерес да ги зачуваат своите млади луѓе во локалните средини за да можат да придонесуваат во нивни интерес- рече на состанокот на работната група 5, проф. д-р Горан Илиќ, проректор и академски раководител на „Колорс” УКЛО.

Главниот приоритет според Илиќ кој го води работниот пакет 5, се однесува на политиките на еднаквост, диверзитет и инклузија.

-Преку работењето на овој пакет треба да се предизвика едно од најголемите влијанија на работењето на оваа Европска алијанса или главните постулати врз којшто почива функционирањето на овој пакет преку взаемна соработка меѓу сите девет членки на Алијансата и импелемнтирањето на најдобрите практики генерално на Европска унија ќе мора сите ние да се трансформираме взаемно во соработка, и генерално преку импелемнтацијата на „Колорс” проектот во догледно време Битолскиот универзитет дефинитивно да биде на рангот на оние европски универзитети коишто ги споделуваат најдобрите практики. Главната цел е сите нас да не трансформира во универзитети што се наколенти и работат во полза на заедницата и да дадат свој продонес за добробит во заедницата во која функционираат-додава Илиќ.

Универзитетот „Св. Климент Охридски” во Битола е првиот македонски универзитет, член на Европската универзитетска алијанса „Колорс” која обединува 9 европски универзитети со околу 126 илјади студенти и 12.300 вработени.

-Работната група 5 е посветена на прашања за еднакви можности и еднаков пристап до можностите на високото образование. „Колорс” ќе донесе целосна промена во работата на УКЛО и очекуваме токму оваа генерација на студентите додека дипломираат да можат веќе да добиваат двојна диплома и да полагаат испити како на УКЛО така и на осумтте други универзитети кои се дел од Алијансата. Битолскиот универзитет ќе мора да промени правни акти за да се усогласиме со другите членки на Алијансата на европски универзитети- вели ректорот на Битолскиот универзитет, проф. д-р Игор Неделковски.

Зборувајќи за инклузијата во високото образование, професорот Мартин Јенс Персон, од партнерскиот универзитет Кристијанштад од Шведска рече дека секој оној што е компетентен и изрази желба да биде дел од Универзитетот, секој член на општеството без оглед на различноста, особено од ранливите категории, видливи и невидливи попречености да бидат во можност да пристапат до универзитетот.

-Тоа не се однесува само на младите туку и повозрасните по принципот на доживотно учење, што ја збогатува академијата и како таква треба да функционира. Другиот аспект е начинот на кој академијата се вклучува и го облагородува општеството а тоа е универзитетот да излезе во општеството и да биде видлив преку она што го постигнува. Соработката ја сметам како инклузија на ниво на колектив и заеднички напредок- рече на состанокот професорот од Шведска, Мартин Јенс Персон.

Универзитетот „Св. Климент Охридски” Битола како рамноправен член на една значајна историска алијанса, богата со знаење, компетенции и предизвици има можност како единствен универзитет од држава што не е членка на Европската унија да напредува, вели проф. д-р Рената Петревска-Нечкоска.

Претставници од сите девет универзитети се тука во Битола и ние ги покануваме нашите регионални чинители од бизнис секторот, невладиниот и граѓанскиот сектор, владини и локални институции, сите граѓани, студенти и останати образовни институции и сето тоа што го имаме се обидуваме да го прошириме и тие вземни релации на соработка да ги ефектуираме на еден начин заеднички да напредуваме и да имаме подобро образование- рече на состанокот на работната група 5, проф. д-р Рената Петревска-Нечкоска.

Алијансата на Европски универзитети „Колорс” во која членува Битолскиот универзитет им овозможува на студентите да можат да полагаат испити и на универзитети во Германија, Франција, Шведска, Шпанија, Италија, Полска, Литванија и Хрватска.

Васка М.Младеновска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*