Don't Miss
Home / Uncategorized / Според Досие,таткото силувач поранешен затвореник

Според Досие,таткото силувач поранешен затвореник

Таткото кој е осомничен дека дома сексуалано ги злоупотребувал трите деца во Битола, од кои најмалото е 6 години е поранешен затвореник кој одлежал 8 годишна затворска казна, објави „Досие“.

Освен што бил поранешен затвореник, тој бил и алкохоличар, пишува порталот.

Децата, заедно со мајката се згрижени и социјалните служби се грижат за нив. Тие се безбедни, а таткото е во притвор. Децата одат на училиште, а со нив е и мајката за која социјалните служби оцениле дека може да биде со нив.

Инаку, вчера од МВР објавија за случајот.

– Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 58-години, осомничено дека сторило три продолжени кривични дела „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“ од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот повеќе пати во текот на 2019 година, во семејниот дом во Битола извршил полови дејствија врз неговите три деца, кои биле на возраст од 13, осум и шест години.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола достави предлог за определување притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот и на лицето му определил притвор во траење до 30 дена, јавија од таму.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*