Home / Вести / Средба на францускиот амбасадор со директорот и уредникот на Битолски весник

Средба на францускиот амбасадор со директорот и уредникот на Битолски весник

Денеска  за време на првата работна посета на Битола  новиот амбасадор на Република Франција во  Македонија, неговата екселенција Сирил Бомгартнер,  во просториите на Француската алијанса оствари средба со  директорот главен и одговорен уредник на Битолски весник, Менде Младеновски.

Придружуван од  почесниот конзул на Република Франција во Битола, Калиопа Кривашија Стилиновиќ.  амбасадорот  Бомгартнер од страна на Младеновски беше информиран за историјатот на Битолски весник, кој има голем углед и респект во Франција.

Притоа  амбасадорот Сирил Бомгартнер ја изрази поддршката за Битолски весник и нагласи дека и во наредниот период ќе продолжи успешната соработка со амбасадата на Франција

За време на посетата  амбасадорот  Бомбгартнер даде ексклузивно интервју за Битолски весник, кое ќе биде објавено во  наредниот број на Весникот.

Средба на францускиот амбасадор со уредникот на Битолски весник

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*