Home / Македонија / Стразбур: Груевски и Заев искрено дискутирале

Стразбур: Груевски и Заев искрено дискутирале

До 3 часот и 30 минути утрово траеле разговорите во Стразбур меѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и претседателот нa СДСМ Зоран Заев. Најавено е дека утрово ќе има соопштение за резултатот од средбите.

„Средбата не беше залудна и вредеше што се одржа“, оцени известувачот за Македонија при Европскиот парламент Иво Вајгл.

Делегациите на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ вчера од 17 часот во различен состав разговарале со посредништво на европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан, Ричард Ховит и еврокомесарот за соседска политика Јоханес Хан.

Средбата се одвиваше зад затворени врати, далеку од објективите на камерите.

Инаку, во делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓаа покрај претседателот на партијата Никола Груевски, уште Мартин Протуѓер, Никола Тодоров, Никола Попоски, Сашо Мијалков, а тука беше и пратеникот Влатко Ѓорчев кој и се приклучи на делегацијата во Стразбур.

Во делегацијата на СДСМ се наоѓаа претседателот Зоран Заев, Рената Дескоска и Роберт Поповски.
Извор: мкд.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*